in ,

КРЕМАСТ СПАНАЌ КАКО ОД НАЈДОБРИОТ РЕСТОРАН: Готов за 15 минути

Ќе ви треба:

500 г спанаќ
2 чешниња лук
2 лажици брашно
2 лажици путер
300 мл млеко
сол и бибер
прстофат мускатно оревче

Подготовка:

Измијте го спанаќот, потоа исчистете го накратко и варете го во солена вода две до три минути. Потоа процедете го и исечкајте го ситно. Во тенџере на загреан путер пржете го ситно исечканиот лук. Потоа додадете го брашното и мешајте додека не се формира паста. Полека додадете го млекото, мешајќи постојано, и гответе додека не се згусне. Потоа додадете го исечканиот спанаќ, солта, биберот и мускатното оревче. Гответе го јадењето уште 5 до 10 минути на тивок оган.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп: Понеделник, 19-ти јануари 2026 година година

Ал Пачино фотографиран со поранешна девојка која е 54 години помлада од него: Се разгореа гласини за помирување