in , , , ,

Нела Манческа ја имаше првата проба на детскиот Евросонг: Младата пејачка вака ќе ја претстави Македонија

Прекрасната Македонка од Скопје ја имаше својата прва проба на Јуниор Евросонг со песната Miracle. Таа на 13 декември ќе нè претставува на најголемиот детски музички фестивал во Европа.

Нела Манческа од Скопје, која во сабота (13 декември) ќе ја претставува Македонија на годинашниот Јуниор Евросонг, веќе ја одржа првата проба.

На официјалната страница на музичкото натпреварувањето беа објавени неколку фотографии од пробата на која првпат ја испеа песната Miracle.


Со пуштена коса со мали плетенки од страните и бело-сребрен фустан, Нела е како вистинска самовила. Taa веќе неколку дена е во Тбилиси, Грузија и ги почна своите подготовки за настапот, како и дружењето со другите учесници, од останатите 17 земји кои ќе се борат за победа.

Дека Нела ќе ја претставува Македонија беше најавено во јуни. Песната Miracle е дело на Лазар Цветкоски кој ја направи музиката, а текстот е на неговата сестра Магдалена Ена Цветкоска.

Годинашниот избор на Јуниор Евросонг е 23-ти по ред, а се одржува под мотото „Обединети со музиката“ (United by Music).

Фото: Инстаграм и Фејсбук/junioreurovisionofficial/Junior Eurovision Song Contest’s Post

Извор: vistina.com.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Земјата на пат кон втората најтопла година во историјата

Дневен хороскоп за 10.12.2025 – Мотика Хороскоп