in ,

Конзумирање на овој напиток наутро може да го подобри варењето на храната и здравјето на црниот дроб

Доколку сакате да ја подобрите дигестивната функција и да го поддржите здравјето на црниот дроб, еден мал утрински ритуал може значително да ви помогне.

Секое утро, пред појадок, испијте мешавина од една лажица маслиново масло и една лажица свеж сок од лимон. Иако обете состојки се вообичаени во исхраната, нивното комбинирано дејство наутро има моќен детоксикациски ефект.

Маслиновото масло помага да се активираат жолчните канали и да се забрза варењето, додека лимонот ги стимулира дигестивните процеси и помага да се елиминираат токсините од телото.

Луѓето кои редовно го практикуваат овој ритуал забележуваат позитивни промени. Кожата станува посвежа, темните кругови под очите се намалуваат, а чувството на надуеност исчезнува. Цревата работат поредовно, а проблемите со запек стануваат поретки.

Оваа едноставна, природна навика може да се практикува долгорочно, а телото брзо реагира со зголемување на енергијата и полесно и поздраво чувство.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп: Петок 05. Декември 2025 година

Започнува сезоната на раскинувања: Повеќето врски завршуваат непосредно пред празниците, еве зошто