in ,

Како да знаете дали пиете доволно вода?

Додека телото губи повеќе вода во текот на летото, ризикот од дехидратација се зголемува, особено ако не внесуваме доволно течности.

Меѓутоа еден едноставен тест со штипење на кожата може да ви помогне да проверите дали сте доволно хидрирани.

Високите температури во текот на летото, особено во комбинација со подолг престој надвор и евентуална физичка активност, значат дека телото ќе изгуби повеќе течности од вообичаеното, а доколку не пиете доволно вода, ризикот е поголем.

И додека понекогаш ја игнорираме жедта или ја гасиме со погрешни пијалаци и храна, дехидратацијата тивко ја презема контролата врз нашето тело.

Во текот на летото, телото се поти повеќе од вообичаено за да се олади, што е нормален механизам за намалување на телесната температура и на тој начин не се губи само вода, туку и драгоцени електролити, односно натриум, калиум и магнезиум. Доколку не ги надоместиме навреме, дехидратацијата може да доведе до низа непријатни симптоми.

Како дехидратацијата може да влијае на телото?
Најчестите последици од дехидратацијата се:

главоболка и вртоглавица,

сува уста и чувство на „тежок јазик“,

замор и губење на концентрација,

темна и поретка урина,

мускулни грчеви

забрзан пулс и чувство на забрзано дишење.

Во случај на потешка форма на дехидратација, може да се појават несвестица, ненадејни промени во расположението, па дури и сериозни проблеми со срцето или бубрезите, особено кај децата, постарите лица и хронично болните.

извор:супермен/ точка.ком.мк
фото:Freepik

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дали ги разликувате ознаките на парфемите, еве што значат

2 ЈАЈЦА И МЕРКИ НА ЛАЖИЦА – добивате чудо од рерната: Најбрзиот домашен колач што исчезнува од масата додека е сè уште топол