in ,

Посилно е од „те сакам“: Изговорете ги овие 3 зборови и ќе ви ја зајакнат љубовната врска

Има зборови кои можат да бидат посилни од изразите на љубовта, бидејќи љубовта без доверба и однесување кое го потврдува тоа, не може да опстане. Истражувањата покажаа дека ништо не влијае на човечкиот мозок толку позитивно како чувството да се има безусловна поддршка од личноста што ја сакаме.

Довербата е основа за градење длабоко и здраво партнерство, без разлика дали се работи за љубовен, пријателски или деловен однос. Компаниите кои градат доверба меѓу вработените, како и меѓу вработените и работодавачите, постигнуваат подобри резултати, бидејќи луѓето во нив се чувствуваат безбедно и работат заедно како тим.

Затоа зборовите „Верувам во тебе“ се многу помоќни од „те сакам“. Тие ја потврдуваат вербата во способноста на една личност, создаваат чувство на поддршка што е важно за секого. Тоа е основа за градење стабилна, долготрајна и среќна врска.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спиете со чорапи? Еве што вели тоа за вашиот карактер!

Лени Кравиц „фатен“ како купува женски чевли: Која е среќната девојка што ќе ги добие?