in , , ,

Александра Пријовиќ ги изненади новинарите по настапот во Будва: „Би сакала повеќе деца, но…“

Поради успешната концертна турнеја „Од исток до запад“ Александра Пријовиќ е главна тема на медиумите во регионот.

Пријовиќ синоќа настапи во Будва, а потоа за српските медиуми откри неколку приватни детали од нејзиниот живот, кои поради нејзината голема популарност моментално ги интересираат многумина.

Таа и нејзиниот сопруг Филип имаат посебна традиција за Нова година бидејќи секогаш Прија работи и двата дена.

„Како што знаете, јас секогаш работам ден претходно, Нова година и ден потоа, но преку ден сме заедно. Секогаш купувам подароци неколку дена пред тоа затоа што немам време потоа. Ќе спијам утре и задутре за да бидам одморена, но секогаш барам да купам нешто што знам дека им е потребно во последните неколку дена“, сподели таа.

Што се однесува до концертите, таа откри дека следната година планира да продолжи да работи како и досега.

„Па, ќе направам се како и досега, ќе ја продолжам мојата концертна турнеја. Освен тоа, засега не планирам ништо“, рече и се присети на своите почетоци нагласувајќи дека  „секогаш со задоволство се сеќавам на тие почетоци“.

Иако публиката веќе е навикната да го гледа синот Александар (4) како ја придружува на концертите, а понекогаш и излегува на сцена со неа, овој пат тој не беше со неа, а медиумите повторно се интересираа за нешто од нејзиниот семеен живот. Дали новогодишната желба на Александар е да добие брат или сестра?

„Па, тој го кажа тоа повеќе пати, така да, се разбира. Тој би сакал и брат и сестра“, рече таа и потоа објасни дали е подготвена за следното дете.

„Секако би сакала да имам што повеќе деца. Никогаш ништо не планирав, па нека биде тоа спонтано. Ниту Аки не го планиравме, па еве…“, рече таа, пренесува Јутарњи.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Not Safe For Work
Click to view this post

22 совети за подобар секс во 2024

3D фигури на Том и Џери од Таку Инуе (22 фотографии)