in ,

Најголем сексуален нагон жените имаат во овие години – тогаш се најрасположени за секс

Се чини како во сето тоа најголема улога да нема ниту партнерот ниту љубовниот статус, туку биолошкиот часовник и неговото гласно отчукување.

Во 30-тите и раните 40-ти години жените често откриваат нова страна од сопствените сексуалности и за многумина омилената активност всушност станува забава во креветот.

Експертите таа појава ја објаснуваат како отчукување на биолошкиот часовник и желба да ги „искористат останатите години за создавање потомство“.

Лаички кажано, колку што жените стареат, толку повеќе водат љубов и тоа – многу повеќе.

Во студија објавена во магазинот „Personality and Individual Differences“ учествувале 827 жени поделени во три групи: висока плодност (18 до 26 години), ниска плодност (27 до 45 години) и менопауза (46 години и повеќе).

Врз основа на одговорот од учесниците во интернет анкетата, истражувачите откриле дека жените кои имаат од 27 до 45 години (оние во категорија ниска плодност) поседуваат „зголемен сексуален нагон како одговор на намалената плодност“ и дека тиe имаат „почести сексуални односи и поактивен сексуален живот, па подготвени се на повремен секс“.

Извор: Точка

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Од каде потекнува правилото дека мора со некого да се бакнете за Нова Година? 

Некој се обидува да го користи истото име на доменот вирално.мк, дознајте која е тоа Фејсбук страна