in

Преку денот сончево и релативно топло, во котлините со подолготрајна магла

Претпладне по котлините и особено вдолж Повардарието ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Преку денот ќе биде сончево, тивко и релативно топло освен во котлините со подолготрајна магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на тивко време со повремен слаб променлив ветер, а ќе биде и релативно топло преку денот, освен во котлините каде ќе има појава на подолготрајна магла и ниска облачност.

Извор: kajgana.com

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 26.12.2023 – Мотика Хороскоп

Хороскопот ги открива најлошите љубовни комбинации