in , , ,

(Видео) Славење во семејството на Гоца Тржан! Пристигнува принова, пејачката ја сподели радосната вест: „Очекуваме момче…“

Пејачката Гоца Тржан вчера имаше посебна причина за славење, а радосната вест ја сподели со своите следбеници на Инстаграм.

Имено, Гоца откри дека наскоро ќе му стане стрина на момче, а на својот профил објави видео од откривањето на полот на бебето.

Ќе станеме чичко и стрина и чекаме мало момче, нека е живо и здраво и да го пречекаме во радост. Животот е убав“, напишала таа покрај емотивното видео.

Честитките веднаш почнале да се нижат, а фановите се воодушевени од нејзината радост.

Да потсетиме, Гоца е во хармоничен брак со 15 години помладиот Раша Новаковиќ, а во една прилика за медиумите изјави дека сè е заедничко и дека нема поделба на тоа што на кого му припаѓа, туку дека Раша знае да потроши како вистинска жена.

– Пораснав во семејство каде што немаше поделба, мајка ми беше таа што ги плаќаше сите сметки, вадеше пари од сметката на татко ми, а сите пари беа во една тегла над телевизорот. Кога нешто требаше да се плати, знаевте каде се парите. Ја немам таа поделба: ова е мое, ова е твое. Раша штеди пари, имаме три фирми, но знае да троши како вистинска жена. Заработуваме заедно и не сакам да ги делам на кој повеќе заработил, кој повеќе донел. Го обиколивме целиот свет, секогаш имаме доволно за леб и јогурт, а тоа ни е доволно – рекла Гоца и додала дека е среќна бидејќи има партнер кој ја прифатил таква каква што е.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп: Понеделник 24. Февруари, 2025 година

Дневен хороскоп за 25.02.2025 – Мотика Хороскоп