in , ,

(Фото) Тања Савиќ го покажа згодното тело во хеланки: Музичката ѕвезда му се посвети на вежбањето!

Пејачката Тања Савиќ ужива во љубов со 11 години помладиот пилот Мухамед Муки Бешиќ.

Таа сега решила да се посвети на својата линија и започна со вежбање во теретана, а друштво ѝ правеше нејзина другарка.

„НАМЕСТО ТАА ДА МЕ БОДРИ, ЈАС ЈА БОДРАМ НЕА“, НАПИША ПЕЈАЧКАТА ШЕГОВИТО.

Неодамна, Савиќ во изјава за „Блиц“ откри дека е горда што нејзините синови го повикуваат Муки секогаш кога имаат некаков проблем.

„Моите синови имаат феноменален однос со Муки, него го викаат кога нешто им треба, дури и кога седам до него, останувам затекната. Сега се момчиња и повеќе им одговара машка енергија во овие години. Целото мое семејство го прифати Муки, а и да не беше така, најважно ми е што јас го прифатив“, изјави пејачката, а потоа додаде:

„Моите родители исто така имаат одлични односи со него. Многу ми е драго што секогаш кога ќе отидеме во Смедерево, пречекот од моите е како да чекаат свое дете. Нема никаква разлика. Нешто неверојатно“.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороакоп: Сабота 08. Февруари 2025 година

Трите најмоќни хороскопски знаци во 2025 година внимавајте ако сте околу нив