in , , ,

Со песната „Мука ми је“: Елена Ристеска ќе настапи на црногорскиот избор на песна за Евровизија

Македонската пејачка Елена Ристеска вечерва ќе настапи во ревијалниот дел на црногорскиот избор за песна на Евровизија – „Монтесонг 2024“.

По долга пауза од музичката сцена, Ристеска неодамна учествуваше на годинашното издание на фестивалот Макфест со песната „Ме боли за сè“, а вечерва ќе ја претстави и српската верзија на оваа нумера, која е насловена „Мука ми је“.

„ВЕЧЕРВА, ВО 20 ЧАСОТ, ЌЕ НАСТАПАМ НА ЦРНОГОРСКИОТ ИЗБОР ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА СО МОЈАТА НОВА ПЕСНА ‘МУКА МИ ЈЕ’, КОЈА Е ПРЕПЕВ НА ПЕСНАТА ‘МЕ БОЛИ ЗА СÈ’. ПУШТЕТЕ РТЦГ ЗА ДА ГИ ПОГЛЕДНЕМЕ СИТЕ УЧЕСНИЦИ И УЖИВАЈТЕ“, НАЈАВИ НАШАТА МУЗИЧКА ДИВА НА СВОЈОТ ИНСТАГРАМ-ПРОФИЛ.

Да потсетиме, вечерва Црногорците ќе го изберат својот преставник на 69. издание на Изборот на песна за Евровизија, кој ќе се одржи од 13 до 17 мај во Базел, Швајцарија. На „Монтесонг 2024“ ќе настапат 16 изведувачи, а главен фаворит за победа е пејачката Нина Жижиќ и нејзината песна ,,Добредошли”.

Елена Ристеска ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2006 година, кога со песната „Нинанајна“ го освои 12. место во финалето. Сè до во 2019 година, кога Тамара Тодевска се искачи на високото 7. место со песната „Proud“, ова беше најголем успех за нас на Евровизија.

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп: Среда 22. Jануари 2025 година

Како да спречите создавање брчки при спиење