in , , ,

„Ете така, ми олесна…“: Игор Џамбазов со емотивна порака ја испраќа 2024 та (фото)

Уште само неколку часови не делат од Новата Година кога  точно на полноќ  ќе си посакаме посреќна да ни биде иднината што доаѓа.

Новогодишната честитка до најблиските за исполнивање на желбите се слуша  насекаде, а најмногу преку социјалните мрежи.

Па, бидејќи кога ќе се поклопат стрелките на часовникот не можеме на сите во исто време да им честитаме, обичните луѓе како и познатите јавни личности  веќе почнаа да праќаат малку порано.

Токму еден од нив беше и македонскиот шоумен Игор Џамбазов  кој го зема мобилниот в раце и си олесна на време.

Џамбазов како и секогаш знае да го привлече и задржи вниманието на сите па така беше и овој пат со пораката која ја напиша на Инстаграм за годината што изминува.

– 2024 годино тебе ти се обраќам. Завршивме со тебе сестро. Засекогаш. И да не си се осмелил да и се појавиш пред очи уште еднаш. Ти беше едн нечувствителна, непредвидлива,  тешка, напорна, напната, грда и опасна вештерка. Збогум!

И порачај и на сестра ти што ни доаѓа да не се занесува многу. Оти штом те преживеавме тебе. Нема шо да ја мислиме неа. Таа нека му ја мисли…

Среќна нека е, народе мој!

Ете така. Ми олесна… – напиша Игор Џамбазов.

Следбениците веднаш коментираа на објавата и оставија коментари со кои потврдија дека се согласуваат со напишаното и воедно и тие му ја честитаа новата година со поубави желби, а во 2025  – та да биде се така лесно.

Извор: vistina.com.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Not Safe For Work
Click to view this post

50 добри девојки кои ја прифатија празничната енергија (50 фотографии)

Чудни футроли за телефони за забава (22 фотографии)