Хајди Клум го привлече вниманието на бројните следбеници на социјалните мрежи позирајќи на снег во долна облека.
Таа позирала на балконот, а во еден момент се свртела и го удрила мобилниот со снежна топка.
„Имате ли традиција за новогодишната ноќ? За мене тоа е црвената чипка. Ми носи среќа“, вели таа. Како и секогаш, следеа коментари на социјалните мрежи.
„Колку си убава“, „Благодарам за ова видео“, „Изгледаш совршено“, се некои од нив.
Таа моментално ужива во Аспен со сопругот Том Каулиц и децата. Таа ја има ќерката Лени со поранешното момче Флавио Бријаторе и синовите Хенри, Јохан и Лу со Сил.
На почетокот на овој месец таа позираше со Лени во долна облека за брендот Intimissimi. Многумина сметаат дека ова е несоодветно. Откако доби критики, Хајди ги исклучи коментарите.
Ова не е прв пат да снимаат реклама заедно. Лени ја започна својата кариера во светот на модата кога имаше 16 години. Таа позираше за Vogue, а Хајди беше таму во знак на поддршка.
Извор: popara.mk


