in

Исповед на новинарката Ивона Талевска: Најтешко ми било кога брат ми замина за Америка

Во новогодишно интервју за „Женски магазин“ Ивона Талевска открива интересни работи за себе, на професионален, но и на приватен план.

Познатата новинарка кој годинава направи неочекуван трансфер и од Сител премина на Алфа телевизија најави и нов проект за јануари, емисија од областа на економијата и бизнисот.

Искрено раскажува дека заминувањето од Сител кој, како што вели, станал токсична атмосфера за нејзините ментални вредности и стандарди, е половина од нејзината најдобра професионална одлука. „Втората половина е заминувањето во Алфа ТВ, пред сѐ заради позитивната и креативна атмосфера, која таму ја гледам“, вели Ивона. 

Во истото интервју таа зборува и кога ѝ било најтешко во животот, а тоа е периодот кога брат ѝ замина за Америка, пред 7-8 години и денес живее таму.

„Сме прилично поврзани меѓу себе. Тој е човек исклучително добро образован, писмен и духовит, школуван во Болоња, Италија на матичниот Универзитет на екс претседателот на Европската комисија Романо Проди и награден од Европската Унија за трет најдобар проект за решавање на проблемите со миграцијата во ЕУ. И кога еден таков човек, а плус и брат ќе ви отиде толку далеку, што можете да се гледате еднаш годишно, тешко наоѓате замена“, вели таа за „Женски магазин“.

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп за 25.12.2024 – Мотика Хороскоп

Not Safe For Work
Click to view this post

Колку долго мажот може да издржи без секс?