in , , , , ,

„Сите се палат на една работа“: Неда Украден без влакна на јазикот за мажите

Славната пејачка Неда Украден деновиве снимаше новогодишна програма, а по тој повод имаше и кратко интервју со српски „Курир“. Имено пејачката без влакна на јазикот проговори за нејзиното искуство со мажите.

Пејачката откри дека ги освојувала мажите со вечера и дека секогаш успевала, а откри и што треба да има мажот за да ја освои.

– Сите се луди за ‘морската храна’, но имав една личност која разбираше што сакам, бидејќи имавме заеднички корени. Направив раштан, традиционално јадење, па го изненадив. Ме праша од каде знам за тоа јадење, и така, еве. За да ме освои, пред сè треба да биде паметна и интересна личност. Некој кој е духовит, шармантен, има работа, некој со свој интегритет. Убаво е да се заљубиш во некој што ти е обожавател, но морам и да сакам, да му се восхитувам на некого“, објасни пејачката.

НЕДА УКРАДЕН

Извор: espreso.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Жените во овие пет хороскопски знаци се најдобри мајки

Дневен хороскоп за 16.12.2023 – Мотика Хороскоп