in

УЕФА листа: Македонија е на 50-то место

Фудбалерите на Манчестер Сити се први на најновата листа на клупски коефициенти. Кога станува збор за националниот коефициент, убедливо прва на УЕФА листата е Англија. Македонија на оваа листа е на 50. место, додека од клубовите најдобар рејтинг има Шкендија (174. место).

Актуелните шампиони на Европа, Манчестер Сити, со коефициент 141.000 зад себе ги оставија Баерн (136.000), Реал (123.000), ПСЖ (108.000) и Ливерпул (103.000).

Од македонските клубови најдобар рејтинг има Шкендија (174), следуваат Шкупи (178), Струга (328), Македонија ЃП, Силекс, АП Брера Струмица, Ренова.

Кога станува збор за националниот коефициент, Англија е убедливо прва со 98.803 поени, Шпанија е втора (85.614), Италија е трета (82.141), Германија е четврта (79.909), а Франција е петта (60.831).

На оваа листа, во конкуренција на 55 држави, Македонија се наоѓа на 50. место. Зад Македонија се само Андора, Велс, Црна Гора, Гибралтар и Сан Марино.

Извор: kajgana.com

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Постојат три фази на заљубување: Вака започнува

ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА РАК ЗА 2024: Време е за животни промени на сите полиња, љубовта тропа на вашата врата