in , , ,

Едно популарно овошје не треба да се јаде за појадок

Ако веќе не сте го направиле појадокот приоритет во вашата дневна рутина, можеби треба да започнете. Сепак, клучот е што да јадете наутро, а што да избегнувате.

Некои студии покажаа дека јадењето здрав појадок може да ви помогне да добиете повеќе есенцијални хранливи материи во текот на денот од оние кои не јадат утрински оброк.

Бананите се популарен избор за појадок бидејќи на многу луѓе им се брза, па го јадат тоа што најбрзо ќе го најдат. Сепак, нутриционистот Дерил Џофри смета дека бананите треба да се избегнуваат наутро.

Бананите се полни со калиум и витамин Б6, но немаат холестерол и сол, па нема да ве одржуваат со енергија во текот на денот.

„Бананите изгледаат како совршен избор, но имаат 25% шеќер и се умерено кисели. Тие на почетокот ќе ви дадат енергија, но наскоро ќе бидете уморни и гладни“, вели тој.

Ако сепак сакате да ги јадете наутро, Џофри препорачува да ги комбинирате со извори на здрави масти, како јаткасти плодови, семки, авокадо, маслинки и јајца.

Националната медицинска библиотека на САД составува голем број студии кои откриле дека јадењето банани за појадок е проблематично бидејќи тие се поврзани со зголемување на нивото на шеќер во крвта.

На прво место, треба да бидат внимателни пациентите со дијабетес тип 2, чие ниво на шеќер може сериозно да се промени доколку консумираат банани секој ден.

Извор: kajgana.com

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

33 лошо изведени восочни фигури на познати личности (33 фотографии)

Дневен хороскоп: Понеделник 04 Декември 2023 година