in , ,

Чиа пудинг со мед и овошје

Чиа пудингот е здрав, лесен и хранлив појадок или ужина, богат со растителни влакна и омега-3 масни киселини. Се подготвува многу едноставно, а најдобро е што може да се комбинира со разновидно овошје по ваш избор.

Состојки:

  • 2,5 чаши млеко
  • 1 чаша чиа семе
  • 2 лажици мед
  • овошје по избор (свежо, замрзнато или во форма на пире)

Подготовка:
Во сад со капак измешајте ги млекото, чиа семето и медот. Добро промешајте за да се соединат состојките. Затворете го садот и оставете го во фрижидер преку ноќ. Повремено промешајте за да спречите згрутчување на семето. Пудингот чувајте го во фрижидер.
Пред сервирање додајте свежо или замрзнато овошје или овошно пире по желба.

извор:курир
фото:Freepik

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дали знаете што се случува во телото ако јадете јаболко секој ден?

Дневен хороскоп за 21.02.2026 – Мотика Хороскоп