in , ,

Шер се омажи за партнер 40 години помлад од неа: „Не ја интересира разликата во годините“

Американската музичка ѕвезда Шер (79) планира да се омажи за својот 40-годишен партнер Александар А.Е. Едвардс, велат извори. Двајцата се во врска три години.

„Шер апсолутно не се грижи за разликата во годините и двајцата се подготвени да се посветат еден на друг. Таа смета дека нејзината претстојна забава за 80-ти роденден е совршена можност таа и Александар да се венчаат“, изјавил извор за „Мирор“.

Новинарите контактирале со двојката за веста, но не добиле одговор. Пејачката неодамна им одговорила на оние кои ја критикуваат дека излегува со многу помлад партнер за време на гостувањето во “CBS” Mornings.

„Како и да е. Тие не го живеат мојот живот. Никој не знае што се случува меѓу нас, но едноставно се забавуваме одлично“, рекла таа.

Двајцата за прв пат беа видени заедно во јавност во ноември 2022 година. Тие беа фотографирани во Лос Анџелес. Шер има два брака зад себе. Таа беше во брак со Сони Боно од 1964 до 1975 година и со Грег Алман од 1975 до 1979 година.

Исто така, таа беше во врски со Вал Килмер, Џин Симонс и Том Круз.

Извор: popara.mk

Written by pljupce

Роден сум 1982 година во Велес. На интернет сум активен од 2007 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како да препознаеме личност што нѐ сака, но се плаши од љубов?

Забавни слики и мемиња кои ќе ве насмеат – Парт 10