Ако ви е познато следново сценарио – лупите варени јајца и пола од белката ви завршува во канта заедно со лушпата – ви предлагаме да го испробате овој трик со лимон.
Зошто да варите јајца со лимон?
Сокот од лимон ќе помогне да не испукаат јајцата при варењето, но ќе помогне и полесно да се излупат. Кога ќе ставите резанка лимон во водата во која ги варите јајцата, киселата средина ја омекнува лушпата и го олеснува нејзиното отстранување.
Што точно се случува во тенџерето?
Цитратната киселина од лимонот дејствува на калциумот што ја сочинува лушпата на јајцето. Тоа ја ослабува врската меѓу лушпата и внатрешната мембрана, па кога ќе се свари јајцето, лушпата се одвојува многу полесно.
Во тенџерето со вода покрај јајцето можете да ставите резанка лимон или да исцедите лимонов сок, по желба.
Бонусот кај овој трик е тоа што и кујната ќе мириса прекрасно.
Фото: Freepik
Извор: vistina.com.mk


