ОВЕН
Денеска може да ве преплават двоумења – ќе се прашувате дали да се држите по течението или да интервенирате во дадена ситуација и да направите нешто. Самите мора да најдете решение за оваа дилема, но во секој случај, не правете ништо набрзина – добро размислете пред да го направите тоа.
БИК
Денеска најдобро ќе ви биде ако поминете повеќе време дома во мир. Веројатно ќе почувствувате поголема потреба за разбирање и сочувство – можеби ќе ги добиете од најблиските. Добра идеја е да се разгалите со козметички или спа третман.
БЛИЗНАЦИ
Доколку денеска откриете дека мора да се откажете од нешто, немојте премногу да се каете – веројатно е посакување што не е за вас или нема да ви донесе среќа. Не држете се до сопствените стремежи, за да не се мачите непотребно.
РАК
Денешните настани ќе ве поттикнат да погледнете подлабоко во вашето внатрешно јас и да чуете што вашето срце се обидува да ви каже. Што и да откриете, важно е да бидете искрени со себеси а да не се обидувате и натаму да играте некаква ролја.
ЛАВ
Денеска работете само со најитните задачи, бидејќи полесно ќе се заморувате. Ако се преоптоварувате физички или ментално, тоа нема да има добар ефект врз вашето здравје. Не претерувајте со алкохол и јадете полесна храна – на овој начин нема да го оптоварите вашиот организам.
ДЕВИЦА
Денеска за да откриете дали постапувате исправно, проценете ја реалната ситуација. Доколку не е она што го посакувате, веројатно или имате нереални очекувања или сте се навикнале на вообичаениот тек и не правите ништо за да ја подобрите сопствената ситуација.
ВАГА
Доколку денеска си поставите цел – лична или професионална – ќе се стремите кон неа неуморно и можеби ќе вложите многу труд за да ја постигнете. Вашиот ентузијазам ќе биде заразен и има големи шанси да ги инспирирате другите да ве поддржат.
ШКОРПИЈА
Денеска здравиот разум ќе им отстапи место на емоциите, а учтивоста што е ваша препознатлива црта може да биде заменета со искреност со која ќе ги изненадите и другите и себеси. Ако сте се обиделе да го одржите добриот тон, сега ќе ви биде тешко да се воздржите од споделување на она што го мислите.
СТРЕЛЕЦ
Денеска може да направите грешка доколку сте расеани или скокате премногу високо. Базирајте ги вашите постапки врз реалната ситуација, а не врз тоа како би сакале да биде. Ако имате какви и да се планови, размислете за практичната страна на работите – на пример, како ќе ги обезбедите потребните средства.
ЈАРЕЦ
Денеска е подобро да обратите повеќе внимание на себеси и на вашите најблиски, наместо да се грижите за работата и секојдневните проблеми. Во секој случај, денот не е погоден за активни дејствија, а уште помалку за нови зафати. Дајте си повеќе време за одмор и релаксација како што сметате дека е соодветно.
ВОДОЛИЈА
Денеска вежбајте поактивно и одморете се – тоа ќе ги наполни вашите батерии, а исто така ќе има позитивен ефект врз вашето здравје. Стресот нема да влијае добро на вас денеска, затоа опкружете се со позитивни луѓе и избегнувајте ги оние што ве иритараат.
РИБИ
Доколку денеска ви е тешко да објасните нешто, ви недостига јасност во врска со вашата насока или настаните во некоја област од вашиот живот земаат ненадеен пресврт, подобро е да не барате логично објаснување – така и онака нема да го најдете. Сè наскоро ќе си дојде на свое место. Не се лишувајте од одмор – тоа ќе биде на сметка на вашето здравје.
извор:нетпрес.мк