РЕЦЕПТ ЗА ТОРТА СО БИСКВИТИ И НУТЕЛА КОЈА НЕ СЕ ПЕЧЕ!


Највкусна торта готова за 30 минути! Богата раскошна торта за секоја прилика! Направена од едноставни состојки.

Состојки:

  • 250 г мелени бисквити
  • 75-100 г стопен путер
  • 1-2 лажици Нутела
  • 3 супени лажици печени лешници
  • 400-500 г крем сир
  • половина шолја шеќер во прав
  • 350-400 г Нутела
  • пола шолја печени лешници

Подготовка:

Мелените бисквити помешајте ги со стопениот путер. Сѐ добро измелете и доколку не е доволно изедначена додадете 1-2 лажици млеко. Потоа еден дел од смесата префрлете го во чинија, а во делот кој останал во блендерот додадете 2 лажици нутела и 3 лажици лешник и измелете ги. Потоа сѐ префрлете во чинија со преостанатите бисквити и добро измешајте. Смесата втиснете ја во калап и ставете во фрижидер додека го подготвувате филот.

За филот изматете го крем сирот со шеќерот во прав. Додадете нутела па матете понатаму. Истурете го преку бисквитите и распоредете убаво. Лешниците исечкајте ги и ставете ги преку филот. Ставете во фрижидер малку да се стегне пред сечење.

Извор: srekja.mk

There is no more story.
Next ФОТО: 22 ИТЕРЕСНИ И ПО МАЛКУ КОМИЧНИ СЛИКИ – 18 ДЕЛ