in , , ,

Во кои хороскопски знаци се раѓаат најголемите мамини синови?

Астрологијата открива кои мажи најверојатно цел живот ќе бидат мамини синови.

Мажот за кој главниот епитет е „мамин син“ може да биде вистински кошмар за многу жени.

Мамините синови се познати по тоа што не донесуваат одлуки без да се консултираат со мајките за мислење и паѓаат под нејзино влијание, бидејќи во текот на животот повеќе се потпирале на неа отколку на таткото, браќата или сестрите.

Иако имаат почит кон жената со која излегуваат или се во брак, факт е дека на повеќето жени не им е забавно да се натпреваруваат со мајката на својот сопруг. Хороскопот открива во кои знаци најчесто се раѓаат такви мажи:

БИК

Мажите Бикови ги гледаат своите мајки како хероини. Најчесто се разгалени од мајките и уживаат во таквиот третман и како возрасни. Не сакаат да им се спротивставуваат, а ѕвездите велат дека често се чувствуваат безначајно покрај нив. Многумина не сакаат да признаат, но Биковите дозволуваат секогаш да биде како што ќе каже мама.

РАК

Ракот сака да разговара со мајка си и често се случува тоа да го прави многу повеќе отколку со сопругата. Сака да разменува пораки со неа, а мајката Рак секогаш знае сè за нејзиниот син: како ги поминува деновите, што mu се случува на работа и што му пречи или не му пречи во бракот. Ракот ги сака мудрите совети на мајка си и му е важно таа да биде добро информирана во изборот на партнерка.

ДЕВИЦА

Ако сте во врска со некој роден во знакот Девица, ќе видите дека секоја одлука што ќе ја донесе вашиот сопруг мора да ја вклучува и мајка му. Мажот Девица сака мајка му да знае сè, а нејзиното одобрување му е најважно. Во тоа не гледа ништо спорно, а ако некоја жена само помисли дека мајка му е проблем, ќе добие драма од мажот Девица.

Извор: kajgana.com

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Дневен хороскоп за 18.03.2023 – мотика.мк Хороскоп

Те сакам, но те оставам! Зошто мажите ги напуштаат жените кои ги сакаат?