in , ,

Неделен хороскоп од 23 до 29 јануари

Овен

Спакувајте ги куферите. Голема е веројатноста дека оваа недела ќе одите на кратко патување со партнерот кое ќе ви остави убави спомени. Во поглед на кариерата, морате да ги дефинирате вашите деловни приоритети и цели. Размислете добро пред да одлучите, но и не заборавајте да се одморите од секојдневните работни обврски. За добри резултати пред се потребен е добар одмор.

Бик

Пријателите се најдоброто рамо за плачење. Советите на луѓето кои се постојано околу вас ќе ви помогнат да ја пребродите неуспешната љубовна врска. Многумина од вас, пак, помош ќе побараат и во книги со инструкции за личен развој. Во поглед на професионалниот живот, во овој период ќе успеете да завршите голем дел од предвидените активности. Но, ќе се појават и нови можности. Сепак, вие треба да ви одлучите што е тоа што ви одговара.

Близнаци

Во поглед на љубовта, во текот на оваа недела ќе уживате со партнерот, но и со пријателите (доколку не сте во врска). Нема да чувствувате притисок да развиете подлабок однос со некого. Во однос на кариерата, овие денови ќе имате можност да ги покажете вашите способности. Затоа, не двоумете се и дадете сè од себе, а трудот набргу ќе ви се исплати.

Рак

Ве очекува интензивен друштвен период. Тоа ќе ви донесе и многу нови познанства, но сепак нема да ве исполни докрај. Во поглед на професионалниот живот, ќе наидете на поддршка од другите во она што го правите, но воздржете се од непотребните критики. Во деновите што следуваат ќе успеете да воспоставите рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот. Успесите на работа ќе одат рака под рака со среќата во семејството.

Лав

Можеби подолго време сте рамнодушни во поглед на љубовта, но таа повторно ќе ве изненади. Астролозите предвидуваат дека брзо ќе се прилагодите на новата ситуација иако ќе бидете малку изненадени на почетокот. Во наредните денови, работните обврски ќе бидат на второ место. Ќе размислувате повеќе за духовноста при што ќе внесете новитети во домот, а задачите на работа ќе ги вршите рутински.

Девица

Ѕвездите ќе ви бидат наклонети во поглед на љубовта. Ќе бидете среќни и исполнети и ќе сакате сè да споделите со саканата личност. Тоа ќе ви помогне и да ги занемарите малите грижи. Во однос на професионалниот живот, ќе наидете на одредени пречки кои ќе можете да ги надминете доколку покажете што знаете и умеете.

Вага

Многумина ќе сакаат да се дружат со вас благодарение на вашиот шарм и умешноста за прилагодување. Освен тоа, партнерот ќе биде постојано тука за вас. Доколку сметате дека треба нешто да промените во поглед на кариерата, направете го тоа. Можеби ќе наидете на пречки и коментари, но продолжете да се движите во посакуваната насока. Важно е да имате јасен план и да го следите.

Скорпија

Сè повеќе луѓе ќе сакаат да бидат во ваше друштво. Тоа, од друга страна, ќе значи дека повеќе време ќе поминувате со пријателите и познајниците отколку со партнерот. Никој нема да ви приговара за тоа, но сепак добро би било доколку му посветите внимание и на партнерот. Во поглед на кариерата, пак, креативноста ќе ви помогне да ги решите пречките и да постигнете напредок во она што го работите.

Стрелец

Поголемиот дел од оваа недела ќе го поминете во опуштена атмосфера со саканите. Ќе наидете и на нови можности за љубов. Од друга страна, вашето лично незадоволство ќе произлезе од други аспекти од вашиот живот, затоа игнорирајте го. Што се однесува до работата, вашите претпоставени ќе направат проценка на вашата досегашна работа. Некои од нив ќе се обидат да истакнат некоја ваша мана или грешка која ненамерно е направена.

Јарец

Ќе бидете подготвени за нови љубовни авантури. Доколку веќе сте во врска ве очекуваат среќни моменти и излети на атрактивни места. Со исклучок на неколкуте вербални недоразбирања, сè друго ќе биде во најдобар ред. Што се однесува до професионалниот живот, обидете се да се приспособите колку што е можно подобро на новите работни обврски.

Водолија

Овие денови ќе ви пружат нови љубовни можности кои вреди да ги искористите. Во поглед на кариерата, можно е започнување нов бизнис, а некои од вас конечно ќе дојдат до вистинските решенија за професионален напредок. Ќе бидете задоволни и со вашите материјални достигнувања.

Риби

Деновите што следуваат ќе ви донесат нови можности за подобрување на вашите односи со луѓето околу вас. Сепак, вашето растојание може да го спречи можното зближување. Во однос на кариерата, ќе бидете нервозни поради фактот дека ќе работите со луѓе чии критериуми за професионалност се пониски од вашите. Сфатете дека не сите се упорни како вас и дека понекогаш треба да им се прогледа низ прсти на таквите личности.

Извор: Дума.мк

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Дневен хороскоп за 24.01.2023 – мотика.мк Хороскоп

Супер хобија за парови кои ќе ве зближат и ќе ја зајакнат вашата врска, а сето тоа притоа е многу забавно