Астролозите предупредуваат дека 2023 година ќе биде доста тешка, а особено ќе ги мачи некои хороскопски знаци.
Сепак, има и такви кои ќе ја паметат 2023 година како најдобра година во нивниот живот. Дури и ако кренале раце од љубовта и романтиката, овие знаци ќе ја запознаат својата сродна душа и ќе ја вратат вербата во љубовта.
БИК
Годишниот хороскоп за 2023 година вели дека годината што доаѓа ќе биде многу поволна за брак и љубовни врски. Бидејќи љубовта е многу важна во животот на Биковите, тие може да сметаат на тоа дека оваа година ќе биде незаборавна. Тоа е особено поволно за оние кои размислуваат за брак. Од почетокот на годината до 6 март 2023 година, Меркур ќе транзитира во деветтата куќа како владетел на втората и петтата куќа на овој знак. Резултатот е неверојатна среќа која ќе ги придружува Биковите на љубовно поле, без разлика дали дотогаш биле сингл или дали се во стабилни и силни врски.
Во првите три месеци од 2023 година ќе се создадат врски кои ќе бидат судбоносни и кои ќе ги променат животите на претставниците на овој хороскопски знак. Биковите кои ќе започнат нова врска во овие први три месеци најверојатно ќе се венчаат на крајот на годината.
СКОРПИЈА
Ве очекува година исполнета со љубов. Оние кои уште се сами ќе имаат можност да градат силни врски, па дури и да основаат семејство. На оние кои сакаат да стапат во брак ќе им се исполни желбата во првите четири месеци од следната година. Паровите кои се разделиле ќе добијат шанса да ги поправат односите и да создадат силни и стабилни врски кои ќе траат долго време. На сите недоразбирања им доаѓа крајот.
Во јуни и јули, трето лице може да внесе тензија во вашата љубовна врска. Од 22 јануари до 15 февруари 2023 година, Венера ќе транзитира во вашата четврта куќа. Во овој период невенчаните Скорпии ќе имаат можност да најдат животни партнери, а оние кои ќе се венчаат во овој период ќе добијат многу пари и најскапи подароци.
ВОДОЛИЈА
Од 15 февруари до 12 март 2023 година, Венера ќе помине низ вашата втора куќа. Благодарение на ова, оние кои се во врски и бракови драстично ќе ги подобрат своите односи, лесно ќе ги решаваат сите несогласувања, а љубовта буквално ќе процвета. Во овој период, ќе бидете особено слаткоречиви, поради што ќе можете да го импресионирате секој што ќе ви падне во очи. Во овој период ќе ја најдете својата сродна душа.
Од 12 март до 6 април 2023 година, Венера ќе помине низ вашата трета куќа, а во овој период повеќе ќе ве привлекува спротивниот пол, па сè ќе пука од авантури, романса и судбоносни средби.
Извор: kajgana.com