Ова се најбараните имиња за бебе во светот за 2022 година


Порталот „Бејби центар“ (BabyCentre) ја објави својата „топ 100 листа“ најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња, на светско ниво, за 2022 година.

Неколку 10-ци илјади родители ги впишаа имињата на своите бебиња на страницата за бременост и родителство. И, се чини, родителите се враќаат во 90-тите, кога станува збор за трендот… Оваа година, најголемите промени се случија во списокот со женски имиња – Оливија, на пр. беше симнато од првото место од 2021 година и е заменето со Софија.

Ова се најпопуларни имиња за девојчиња во 2022 година:

Софија, Лили, Оливија, Ајла, Ава, Амелија, Арија, Маја, Ајви, Изабела, Мија, Ела, Хана, Луна, Зоја, Сиена, Нура, Евелина, Емилија, Фатима, Фиби, Мила, Клои, Хали, Елијана, Лејла, Ерина, Ева, Алиса, Аурора, Руби, Матилда, Леа, Бела, Теа, Нора, Ана, Елеонора, Виолета, Арабела, Марија, Пенелопа, Роза, Мира, Бони, Нова, Ајша, Габриела, Амира, Елизабета, Јасмина, Хариета.

Следат и најпопуларните и најбарани машки имиња на планетава, за 2022 година:

Мухамед, Ное, Тео, Лео, Оливер, Ѓорѓи, Лука, Артур, Тома, Адам, Луј, Јаков, Даниел, Макс, Исак, Илија, Теодор, Вилијам, Александар, Јусуф, Роман, Самоил, Мајкл, Себастијан, Џеси, Давид, Леви, Бенџамин, Габриел, Захариј, Ибрахим, Матеј, Јосиф, Хуго, Арон, Боби, Абдула.

Извор: vistina.com.mk

Previous Ги занемаруваат критиките: Хајди Клум и нејзината ќерка повторно позираа во провокативна долна облека
Next Дневен хороскоп за 24.11.2022