Black Panther: Wakanda Forever – Рецензија без спојлери поддржана од Cineplexx MK


Време е да дадеме наше искрено мислење и да ги решиме сите дилеми околу најновиот Marvel Studios филм кој според многу е контроверзна тема за разговор.

Дали вреди да се гледа? Апсолутно!
Смртта на незаменливиот Chadwick Boseman е дефинитивно  почувствувана, сите различно може да го доживеете тој момент, но едно нешто е сигурно, емоцијата и тагата е присутна, на едноставен но значаен начин е испочитуван актерот. Режисерот точно доловил колку големо влијание, стабилност и моќ носеше ликот на T’Challa без да се основа дејството околу неговата смрт. Со сигурност ова е најдепресивниот проект во филмскиот универзум на Marvel.
Целокупната продукција на Ваканда и Талокан (длавочините на океанот со , главната река во комбинација со технолошки развиениот град, песочните плажи, технологијата, лабораториите), костумите, традиционалните носии и сите модни елементи се буквално 10/10, вистински е доловен Афричкиот и Латино-Мексиканскиот традиционално-модерен стил. Како феноменален додаток се музичките композиции кои беа врвно изработени, со елементи земени од двете култури, скоро сите сцени беа за неколку пати подобри токму поради различноста и уникатноста во истите.
Кинематографијата беше извонредна, скоро секоја сцена беше преубава за гледање, а и покрај добрата акција во филмот, имаше неколку моменти кои можеше да има подобар hand-to-hand combat кои кореографски не беа убаво изведени (и снимани од блиску со што се губи прегледноста на тепачката). Фантастични визуелни ефекти, единствено во неколку моменти кои не беа на исто ниво, но сепак не може ни да се споредат со ефектите од првиот дел (каде последната тепачка помеѓу T’Challa и Killmonger изгледаше на анимација од PS2).
Буквално сите актери одлично глумат во нивните улоги, посебно ги издвојуваме Angela Bassett (Oscar worthy), Letitia Wright и Tenoch Huerta. Ликот на Namor е комплексен, агресивен, моќен и најчудно од се, lovable (можете да се соживеете со него, го разбирате, има харизма, карактеристики за добар comic book негативец/анти-херој). Иако Shuri сеуште не е спремна да превземе голема улога во Ваканда, сепак има достоен Character Development кој ќе ја направи да биде Great Leader (Only the most broken people can be great leaders – Namor). Riri Williams (Iron Heart) беше убаво вклопена во приказната иако е карактер кој не нуди ништо ново и различно, веќе е видеа истата приказна и акција во незаменливиот Iron Man. Присуството на Dora Milaje беше како и секогаш беше моќно, со стил (посебно браво за нивниот Soundtrack во овој филм).
Текот на настаните беше лесно и јасно прикажан, приказната носи повеќе битни вредности кои се доста депресивни, тешки и на крајот од се, моќни теми за размислување. Ова е доста сериозен филм со многу малку комични елементи кој се издвојува од останатите Marvel филмови. Приказната можеби во прекумерна мера се осврте на тага отколку инспирација (ќе видите зошто) и на некој начин ја остави нацијата на Ваканда празна, сепак народот на оваа нација секогаш бил подложен на разни предизвици, исто како и Талокан. Комбинацијата од елементите на технологија, наука, традиција и мистичност беа доста позитивен дел кој ги опишува и двете нации (посебно Ваканда).
Со оглед на околностите и предизвиците со кои се соочија режисерот Ryan Coogler и Marvel Studios, ова е креативно осмислен и напишан проект со доста вредности, акција и битни ликови кои со нетпение чекавме да ги видиме во филмскиот универзум.
Ни треба многу повеќе од светот на Ваканда (и Талокан), секојдневие и политика, нешто за кое очекуваме да видиме во новите ТВ серии за Ваканда кои се Rumored од страна на различни извори.
Филмот е тажна посвета до Chadwick Boseman, со насолзени очи го испративме паднатиот крал…
7.6/10 – Рецензија напишана од Давид.
Оценка на Тино: 8.5/10
Оценка на Ива: 7.8/10
Вкупна оценка според просек: 7.9

Извор: comics.mk

Previous Надминете ги проблемите: Три мисли кои ќе ви помогнат да излезете од тешка ситуација
Next ФОТО: ДОБРИ ДЕВОЈКИ ВО ЛАТЕКС И КОЖА – 6 ДЕЛ