Дали газираната вода е опасна по здравјето?


Газираната вода ја гаси жедта и многумина го сакаат нејзиниот „вкус“. На пазарот денес има различни видови газирана вода, но дали консумирањето на истата има недостатоци и како влијае на здравјето?

Од клиниката Мајо објаснуваат дека газираните пијалаци (пијалаци со додаден јаглерод диоксид за создавање меурчиња) може да придонесе за развој на печење во желудникот. Желудочната киселина се „повлекува“ од желудникот предизвикувајќи болно чувство на печење во градите или во грлото. Клиниката Мајо нагласува дека повремената чувство на печење во пределот на градите е честа појава и обично може да се третира со лекови кои се издаваат без рецепт, пишува Livestrong

Но, ако ова чувство го имате двапати или повеќе пати неделно, можеби имате гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Ако имате ГЕРБ, клиниката Кливленд препорачува промена на начинот на живот што ќе вклучува избегнување газирани пијалаци.

Покрај газираните пијалаци, и друга храна може да ги влоши симптомите на ГЕРБ како пијалаци со кофеин, цитрусно овошје или сокови, зачинета храна и масна храна.

Густината на коските

National Osteoporosis Foundation објаснува дека состојките во газираните пијалаци можат негативно да влијаат на густината на коските. Станува збор за кофеин и фосфор, но газираната вода не ги содржи овие состојки, а од Harvard Health Publishing потврдија дека нема влијание на густината на коските. Ефектите на газираната вода на здравјето не вклучуваат придонес за остеопороза или зголемен ризик од кршливи коски.

Но, пијалаците со кофеин и алкохолните пијалаци можат да придонесат за губење на коскена маса.

Газираната вода и здравјето на забите

Според студија објавена во априлското издание на American Dental Association во 2016 година, пијалаците кои имаат pH под 4,0 на pH скалата од 0 до 14, можат да придонесат за ерозија на забите (што придонесува за кариес). Истражувачите го тестирале pH нивото на 379 безалкохолни и немлечни пијалаци достапни во продавниците, вклучително и три газирани води.

Ниту една од тестираните газирани води немала pH вредност пониска од 4. Но, оваа студија е ограничена на три газирани води, па можно е другите видови да имаат pH вредност под 4 и со тоа да придонесат за ерозија на забите.

извор:попара.мк

Previous Дневен хороскоп за 18. ноември
Next ФОТО: Ова е навистина големо - 1ДЕЛ