Супер брзи лазања ролни (рецепт)


Полнети, па прелиени, италијански специјалитет на балкански начин кој се подготвува многу брзо.

Лазањи се типично италијанско јадење кое се прави со готови кори, а се филува со месо и бешамел. Со овој рецепт пробајте малку поинаква верзија со шунка и кашкавал која се витка во ролни и се прелива со јајце и павлака. Лесно се подготвува, а е вкусно јадење кое ќе ги воодушеви сите.

Потребни состојки:

1 пакување кори за лазањи
1 јајце
150 гр шунка
150 гр сув врат
150 гр кашкавал
200 гр кисела павлака
кечап
малку рендан кашкавал
масло

Подготовка:

Лазањите сварете ги и потоа ставете ги малку во ладна вода. Извадете ги од водата па ставете ги на крпа за да се впие вишокот вода. Јајцето изматете го додавајќи павлака, па добро промешајте. На лист лазања ставете две лажички од добиениот фил. Ставете два листа шунка како и сув врат, потоа два листа кашкавал и малку кечап. Над нив додатете малку изматена повалата па виткајте ги во ролна. Огноотпорниот сад подмачкајте го со масло, па наредете ги ролните. Остатокот од павлака премачкајте го над ролните. Наредете и малку кашкавал. Печете на 200°C околу 40 минути за убаво да зарумени. Послужете додека е топло.

Извор:Курир.мк

Previous Тоа е потреба, не е мода: На кои кучиња мора да им облечете зимска облека пред прошетка?
Next Добри девојки во бикини - 4ДЕЛ