in , ,

Еве колку често треба да ја миете косата и која намирница го спречува мастењето

Кога станува збор за женската нега, еден од главните фактори кој придонесува за истакнување на женската убавина е косата.

Освен стилизирањето, односно фризурите кои се секогаш во чекор со времето, треба да знаете и неколку трикови кои се однесуваат на одржување на хигиената на косата.

Вечна дилема – колку често треба да се мие косата?
Според фризерот на славните, Џон Хала, косата би требало да ја миете само тогаш кога е апсолутно неопходно, а вашата коса има начин да ви каже кога е тоа.

Тоа можете да го проверите многу лесно, во само два чекори: најпрвин поминете со прстите низ неа – ако е уште кадифено мека, таа не е за миење.

„Иако е генерална препорака да се мие максимално еднаш до двапати неделно, би рекол дека косата треба да ја миете само кога е видливо масна. Ако темето ве чеша или постојат знаци на перутање поради нечистотија, тогаш е јасно дека е време за миење“, вели Хала.

„Запомнете, за здраво влакно и здрави фоликули ви е потребен природен себум, а пречестото миење на косата ќе го намали истиот“, објаснил тој.

Едноставен трик против мастење
Доколку косата брзо се масти и имате потреба почесто да ја миете, постои еден трик кој можете да го применувате.

Кали Борг, фризерка и лична стилистка на познатата Аманда Холден, открила за „Express“ дека јаболковиот оцет прави чуда. Третманот можете да го направите дома така што ќе разредите јаболков оцет со вода во сооднос 1:3, и со тоа ќе ја плакнете косата еднаш неделно.

Јаболковиот оцет ја детоксицира косата и го отстранува вишокот маснотии. Џон Хала препорачува косата да ја шампонирате неколку минути, а потоа да ја измиете со студена вода за да го намалите претераното лачење на себум и со тоа да спречите пречесто миење на косата, пишува „The Sun“.

извор:точка.ком.мк

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сара Џесика Паркер ја носи најесцентричната чанта која чини речиси илјада евра (фото)

Петте најчести лаги на првиот состанок