Дневен хороскоп за 18. октомври


Овен

Сѐ има свој рок на траење, но вие упорно ќе се навраќате на деловна приказна која одамна е завршена. Ќе ја трошите својата енергија на погрешни ситуации, некој нема да ги исполни вашите очекувања. Денес ќе ви биде потребна психофизичка релаксација.

Бик

Денес ќе имате амбициозни планови и нескромни желби, меѓутоа вашиот успех ќе зависи од други луѓе. Желбата за љубовна авантура ќе ве разочара, затоа подобро воопшто не излегувајте на состанок со личност во која не препознавате потенцијал за нешто сериозно.

Близнаци

Некој од вашите соработници не ги вредува вашите забелешки, но тоа не треба да влијае на вашата самодоверба. Не се сомневајте во вашата способност. Нема потреба да бидете толку строги кон одредена блиска личност – прифатете го нејзиното извинување.

Рак

Денес ќе имате проблеми во комуникацијата со соработниците. Некој ќе се обидува да ве убеди во своите добри намери. Обидете се да имате поголемо разбирање за туѓата емотивна слабост – не секој може да одговори на вашите потреби и тоа е во ред. Обидете се да постигнете внатрешна рамнотежа.

Лав

Колку и да сте креативни, вашите идеи нема да направат голема промена во работењето ако вашите соработници не се мотивирани за успех. Во последно време имате големи дилеми за одредена личност – не се сомневајте во неа. Иако ви делува дека не е искрена, таа ви ја кажува вистината.

Девица

Денес ќе бидете доволно разумни за да ги заштитите вашите деловни интереси во критични ситуации. Искрените емоции се секогаш лековити, уживајте во среќата со вашата сакана личност. Прегратка е сѐ што ви е потребно во овој стресен период. Внимавајте на исхраната, консумирајте повеќе витамини.

Вага

Ќе биде подобро да не се занесувате со некои необични идеи, туку да го зачувате вашиот деловен или општествен углед. Денес ќе имате одлична прилика за љубовен состанок, кој ќе помине одлично. Но, таа среќа нема да трае долго – немајте големи надежи. Важно е да ја сочувате присебноста.

Скорпија

Не решавајте туѓи грижи, насочете го своето внимание кон вашите деловни цели. Опуштете се и имајте доверба во вашиот партнер, тој нема да ве изневери. Сѐ што треба да направите е да го слушате внимателно. Дозволете си одмор и отспијте неколку часа повеќе.

Стрелец

Некој не го цени вашиот труд. Мора да бидете повнимателни во комуникацијата со соработниците, не се сите искрени со вас. Во односот со саканата личност, почитувајте ги нејзините потреби и не ги кршете поставените правила во односот. Избегнувајте ситуации кои вклучуваат лоши навики.

Јарец

Денес ќе делувате самоуверено пред личноста која, на некој начин, ќе ја тестира вашата работна способност. Секако, прифатете конструктивна и добронамерна критика. Време е да ги тргнете чувствата на страна и да почнете да размислувате поразумно. Љубовта е слепа.

Водолија

Упорно смислувате нова стратегија, но некој друг ќе работи поефикасно и делумно ќе ги загрози вашите деловни интереси. Еден пријатен разговор со саканата личност ќе премине во конфликтна ситуација поради нешта кои биле „ставани под тепих“. Избегнувајте ситуации кои ќе ве исцрпат психички.

Риби

Денес ќе биде важно да го процените најдобриот момент за деловно дејствување. Нема да можете да промените нечие мислење или одлука, но тоа не е причина да ѝ кажете навредливи зборови на саканата личност. Одвојте време за вашите драги пријатели, нивното друштво ќе ве расположи.

Извор: duma.mk

Previous Петте најчести лаги на првиот состанок
Next Ќе ве насмее до солзи – скулптури од смешни пози на животни