Фото: Матеј Гелев освојувач на сребрен медал
Талентираниот поранешен ученик на ООУ„Блаже Конески“ Матеј Гелев сега е средношколец во приватното училиште „Јахја Кемал“ во Скопје. За неговите постигнати извонредни резултати на натпревари по математика и физика на општинските,регионални и национални натпревари Дума.мк пишувала многупати досега. Овој пат ќе објавиме извонреден резултат што Гелев го освои на Балканската олимпијада по физика. Натпреварот се одржа во јака конкуренција на 51 ученик од Албанија, Бугарија, Грција, Кипар, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Црна Гора и ученици од земјите-гости – Иран, Казахстан, Киргистан, Туркменистан и Словенија.
Повеќе од текстот ќе најдете на наредниот линк: Велешанец освои сребро на IV Балканска олимпијада по физика
Извор: duma.mk