in , ,

Мачка на сопственичката ѝ застанала на гради во четири наутро: Се шокирала кога сфатила што се случува (ФОТО)

Били е мачорот која во Англија стана херој, откако на својата сопственичка ѝ го спасил животот

Сем Фелстед од Нотингем спиела кога нејзиното седумгодишно милениче во четири часот наутро ѝ срипало на гради. Таа се шокирала кога доживеала необични симптоми кои укажувале на срцев удар. Сфатила дека од силна болка не може воопшто да се сврти на десната страна.

Лекарите ѝ кажале дека доживеала срцев удар во сон и веруваат дека Били ѝ го спасил животот.

„Долго време не можев да се вратам во нормала. Заминав во кревет и се чувствував добро. Немав никаква болка. Одеднаш се разбудив облиена во пот и не можев да се поместам“, раскажува жената за „Дејли меил“.

Дополниува дека Били ѝ стоел на градите и ѝ мјаукал директно на уво.

„Тоа не е негова вообичаена рутина. Напротив, спие по цели денови и ноќи. Никогаш претходно ме немаше разбудено, никогаш не ме вознемирува. Не ме буди ниту за храна. Мојата мајка, исто така, беше прилично шокирана. Никогаш немав слушнато дека мачките тоа го прават. Драго ми е што така се заврши. Ако го немав него, можеше и фатално да завршам“, се присетува сопственичката на сега веќе славниот мачор.

Инаку, лекарите ѝ соопштиле на Сем дека причината за ударот биле запушени артерии и наредните три дена останала во болница.

Кога се вратила дома, Били продолжил да ја игнорира.

„Се’ е исто како и претходно, само што сега се обидувам да му дадам малку повеќе љубов“, низ насмевка коментира Сем.

Експертот за однесување на мачки, Луси Хојл, за „Би Би Си“ изјави дека Били можеби забележал физиолошки промени или промени во однесувањето кај својата сопственичка, поради кои бил нервозен.

„Веројатно ѝ го спасил животот, тоа никогаш нема да го дознаеме со сигурност, но не мислам дека тоа го направил намерно. Тој реагирал на ситуацијата“, изјави Хојл.

Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Извор: mastilo.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Е вака се живее животот! Ѕирнете во фамозниот живот на овој турски богаташ…

Дневен хороскоп за 10. октомври