Што е Рок Музика


Рок-музика — форма на популарна музика со проминентна вокална мелодија, придружена со гитара, тапани и бас-гитара. Многу стилови на рок-музиката користат и клавијатурни инструменти, како што се пијаното и синтисајзерите. Други инструменти кои поретко се искористени во рокот се саксофон, хармоника, виолина, флејта, тимпани и др. Рок-музиката има силно темпо и често се фокусира околу гитара, електрична или акустична.

Рок-музиката своите корени ги има во 1940-те и 1950-те форми на рокенролот, кој еволуирал од блуз, кантри музиката и други влијанија. Во доцните 1960-ти, рок-музиката се соединила со фолк музиката за да создаде фолк рок, со блуз за да создаде блуз рок и со џез за џез-рок фузија. Во 1970-те, рокот примил влијанија од соул, фанк и латино музиката. Исто така, во 1970-те, рокот добил голем број на поджанрови, како што се софт-рок, хеви-метал, хард-рок, прогресивен рок и панк-рок. Поджанровите на рокот кои се појавиле во 1980-те вклучуваат синтпоп. хардкор-панк и алтернативен рок. Во 1990-те, нови рок поджанрови се гранџ, бритпоп, инди-рок и ну-метал.

Група на музичари специјализирани во рок-музика се нарекува рок-бенд или рок-група. Многу рок бендови се состојат од гитарист, пејач, бас гитарист и тапанар, формирајќи квартет. Некои групи користат пејач кој истовремено свири на инструмент додека пее, притоа формирајќи трио; други вклучуваат двајца или еден ритам гитарист и некој кој свири на клавијатура. Многу ретко, групите користат жичени инструменти како што се виолина или виолончело и/или дувачки, како саксофон, труба или тромбон.

Previous Вчера беше именден на сопственикот на вирално.мк, погледнете на кој други имиња им беше
Next Забавни слики и мемиња на Англески Јазик - 1 ДЕЛ