Златан Ибрахимовиќ доби улога во новиот филм на „Астерикс и Обеликс“ (видео)


Златан Ибрахимовиќ ја сподели најавата за новата серија на познатите херои Астерикс и Обеликс, во која и тој ја доби својата улога.

Шведскиот фудбалер се испроба и на филмското платно, сцената која може да се види е токму во стилот на Златан, а веруваме дека филмот ќе биде уште попопуларен поради него.

Напаѓачот на Милан се појави во продолжението „Астерикс и Обеликс – средно царство“, кое ќе се прикажува во кината следниот февруари, во режија на Гијом Кане, кој исто така го игра Астерикс.

Ибра на социјалните мрежи ја сподели најавата за филмот, чии главни актери се познатите галски херои, а фудбалерот го игра негативецот, бидејќи се појавува во улога на римски легионер – „Антивирус“.

Играчот моментно се опоравува од операцијата на коленото и го чека неговото враќање на теренот, што може да се случи токму на време за премиерата на филмот.

Извор: duma.mk

Previous ВИДЕО: 20 години од хитот Jenny From The Block
Next Кои хороскопски знаци најчесто се разведуваат?