Јосип Броз-Тито


Јосип Броз-Тито (српскохрватски и словенечкиJosip Broz – TitoКумровец7 мај 1892 — Љубљана4 мај 1980) — југословенски комунистички политичар и доживотен диктатор на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.[1] Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на Партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил Премиер на Југославија, а подоцна и Претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на Југословенската народна армија.

Покрај државничките обврски и водачки должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.

Previous На вирално.мк е додадена категорија ТИТО заедно со едно иконче од картата на Југославија
Next Јосип Броз Тито - Рани години