in , , , ,

Каде што е Драгана Мирковиќ, таму е и холивудскиот џет-сет: Овој пат пејачката во друштво на уште една голема ѕвезда (фото)

Ред на песна, ред одмор. Драгана Мирковиќ летово е многу зафатена, настапува речиси секоја вечер, а пред неколку дена воодушеви многу фанови во романскиот град Саникола Маре, каде живеат и многу Срби. После тоа решила да направи мала пауза и да ужива во летниот шарм.

Но таму каде што е Драгана има и светски ѕвезди. Знаеме дека Жан-Клод ван Дам и е добар пријател, а таа само се пофали на Инстаграм дека има уште еден светски славен пријатл. И тоа никој друг освен самиот господин Ѕверка!

„Фацата е секогаш фаца“, напиша таа покрај фотографијата со актерот Крис Нот, кој се прослави со улогата во култниот „Сексот и градот“, нема потреба да ве потсетува кого играше.

Се надеваме дека фолк дивата еден ден ќе ни открие како по Кери Бредшо се нашла „во прегратките“ на ретка ѕверка.

фото:Инстаграм/Драган Мирковик

Извор: vistina.com.mk

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МАЛА ЗАБАВА ЗА ВОЗРАСНИ – 6 ДЕЛ

Осамна и првата фотографија од Алба Грашо (фото)