in , ,

На овој остров има плажа на која песокот е ладен и на +40!

Салиара или Мермерната плажа на Тасос е секако една од најубавите благодарение на мермерните камчиња обликувани од водата. Толку се бели што имате впечаток дека одите по песок.

Деталот кој е навистина фасцинантен е тоа што карпите на оваа плажа се секогаш ладни, па на неа е особено удобно кога температурата на воздухот ќе достигне максимум.

За да стигнете до плажата најдобро е да ги следите знаците за плажата Макриаммос, а потоа, пред да стигнете до оградата на комплексот Макриаммос, поминете право низ земјен пат. Од ова место плажата Салијара е оддалечена околу четири километри. Патот е многу валкан и правлив. Доволно е широк за да можете да ги избегнете дупките, но сепак треба да возите бавно.

За повеќе кликнете на наредниот линк: На овој остров

Извор: mk.tv21.tv

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Дали знаете колку често треба да ја перете постелнината?

Еден од постари и поштосни мои миксеви: Shakira – Addicted To You (DJ Ljupce1982 REMIX)