Како да потемните побрзо – Овие намирници се особено важни


Летото е се поблиску, а топлото време стана наше секојдневие. Летни фустани, маички и шорцеви се секојдневни комбинации на облека, а многу подобро изгледаат на исончано тело.

Многу луѓе ги користат сончевите зраци за да го поцрнат и апсорбираат витаминот Д, но иако тоа има свои придобивки, сончањето со себе носи голем број опасности, па затоа внимавајте и задолжително користете крема за сончање. Меѓутоа, доколку сакате да имате бронзен тен, без премногу да се изложувате на сонце, во тоа можат да ви помогнат одредени намирници кои ќе го забрзаат потемнувањето на кожата.

1. Морков
Морковот е полн со бета-каротин, кој е одличен за тенот и и помага на кожата да добие убава, бронзена нијанса. Тоа е главната состојка на препаратите кои се користат за таа намена, но далеку подобар избор е да се земе бета-каротен на природен начин. Доколку не сте љубител на свежиот морков, пробајте го сокот и комбинацијата со друго овошје. Да речеме, цедениот сок од портокал и морков е совршено освежување.

2. Јајца
Јајцата се храна која ќе биде добар сојузник во одржувањето на тен. Богати со калциум, витамини А, Б и Д, но и селен, прават добро за целото тело. Ова се состојките кои исто така го задржуваат бета-каротенот во вашиот систем, што значи дека тенот нема брзо да исчезне.

3. Кењ
Кељот е многу богат со хранливи својства, а неговото консумирање ја подобрува состојбата на целиот организам и цревната флора. Меѓу другите придобивки, овој лиснат зеленчук е богат со бета-каротин, како и со моркови. Конзумирањето кељ во потоплите месеци ќе помогне вашиот тен да изгледа блескав и побрзо да добие бронзена боја.

Извор: srekja.mk

Previous СОНЦЕТО ВО ЗНАКОТ НА БЛИЗНАЦИ ДОНЕСУВА СРЕЌА И ПОЗИТИВНИ ПРОМЕНИ НА 4 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ
Next ФОТО: Спајдермен поза

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *