Пред камера не сакаат да зборуваат, ниту да се фалат, но кога се работи за баклава, кичевки се неуморни!
Во пресрет на Курбан Бајрам ги засукаа ракавите и ги расукаа корите.
Баклава се прави секој град, велат домаќините, но секое место има своја традиција на подготовка.
Тајната често лежи во подготовката на тестото. Во кичевската традиција рецептот е зачуван и наследен од генерација на генерација .
Потребно е брашно, млеко и домашни јајца, велат домаќинките, формирајќи топчиња кои се оставаат 3 часа да стасаат.
По сучењето се готови за ставање во тавата.
Ренданите ореви се неопходни за полнење. Ред кора – ред ореви.
Најтешкиот дел е сечењето, кое бара многу грижа и внимание!
Печете скоро два часа, внимавајќи да не претерате со печењето.
Шербетот е трик сам по себе, за кој ќе треба време да се научи!
По повеќе од 6 часа, кичевската баклава е готова, додека на гостите ќе им биде послужена на денот на Курбан Бајрам. Тоа е прекрасен деликатес, велат домаќинките од куќата зад камерите, но се жалат дека новите генерации многу малку знаат да го подготват овој традиционален десерт, туку полесно им е да го купат готов.
Извор: mk.tv21.tv