Нуркачи запалија василичарски оган на дното на Охридското Езеро


Нуркачите од Diving Center Amfora на дното на Охридското Езеро запалија василичарски оган, по повод дочекот на Новата година по Јулијанскиот календар.

„Кај музејот на вода кај Заливот на коските, на атрактивен и за нас препознатлив начин по трет пат под вода го запаливме традиционалниот василичарски оган со кој ја најавуваме Стара нова година.На богатата трпеза беа испечените колбаси и квалитетно македонско вино.Со ова членовите од Нуркачкиот центар АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица како и престојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител -денот на рибарите“, напишаа во описот на видеото од Diving Center Amfora.

Видеото можете да го видите на наредниот линк: Нуркачи

Извор: srekja.mk

Previous Среќа на денот: Мало мече трча по снежните улици во околината на Битола! (ВИДЕО)
Next СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 14 ЈАНУАРИ 2022 ГОДИНА

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *