МОЌТА НА ТЕМЈАНОТ: ГО ПОДИГА ИМУНИТЕТОТ И ПОМАГА ВО ЛЕЧЕЊЕ НА МНОГУ БОЛЕСТИ


Низ целата историја на човештвото, темјанот е употребуван при лечење на најразлични болести, а притоа не се забележани буквално никакви нуспојави. Иако поседува многубројни лековити средства, за темјанот повеќето луѓе незнаат речиси ништо. Според верувањата на Ајурведата, темјанот во домот носи добро здравје на сите членови на семејството Токсиколошките истражувања во поново време, исто така покажале дека екстрактите од темјанот се безбедни како за надворешна употреба, така и за внатрешна употреба. Активните состојки од оваа билка се монотрепени, дитерпени, сесквитерпени, јаглеводороди и босвелинска киселина. Се смета дека токму босвелинската киселина, од билката темјан се одликува со против-воспалителни и аналгетски својства. Влијанието на темјанот се покажало како делотворно и кај тумори на мозокот и неколку видови на карцином! Во ароматерапијата, темјанот се користи за ублажување и лечење на депресијата, хистериите, стресот и напнатоста. Запалената смола од темјан вообичаено има доста интензивен мирис, па кај одредени личности може да предизвика и непријатност. Се смета дека со инхалирање или едноставно вдишување на маслото од темјан може да ги ублажиме проблемите со дишењето како што се алергиите, астмата, бронхитисот, синуситисот, настинките, итн. За овој експеримент е доволно да се накапе масло од темјан на дланката, па во текот на денот неколку пати да се вдишува. Уште еден обичај на жителите во Индија е џвакањето на темјан за подобро здравје на забите и усната празнина. Поради своите антимикробни својства, се верува дека темјанот ги спречува инфекциите. Иако нема познати контраиндикации, темјанот и неговите препарати би требало да ги избегнуваат хипертензичарите, трудниците и доилките.

Изворот е од: mkpress.net

Previous Баба Тина: „Со два пpcта ја наоѓам ceкоја болka, а каде ја наоѓам ни peндген не може да ја најде“
Next ЈА ВИКААТ БИЛКА НА БЕСМРТНОСТА: Ги обновува оштетените клетки, ја подобрува циркулацијата, го штити црниот дроб

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *