Македонската фудбалска репрезентација вчера доживеа нов успех на кој се радуваше цела Македонија.
По победата над Исланд од 3:1 нашите „фудбалски рисови“ се најдоа во баражот за Светското првенство во Катар 2022 година.

Иако сè уште не се знае кои ќе бидат наши противници на следните два натпревари на кои ќе треба да издвојуваме победа, сепак „македонските рисови“ покажаа дека за нив ништо не е невозможно и ја донесоа најголемата радост на земјава
Натпреварот во кој Македонија го победи Исланд се играше на наш терен, односно на Градскиот стадион, а можност да го следат натпреварот имаа многу љубители на фудбалот и трибините беа речиси полни, со оглед на ковид-протоколите.

– Честитки момци за одличната игра! Цела нација вечерва ја бодреше македонската фудбалска репрезентација во тешкиот меч против Исланд. Продолжуваме напред да се бориме за пласман за светското првенство во Катар. Се гордееме со вас!-напиша Пендаровски.
За повејќе види од: glamur.mk