in , ,

Тим од тројца студенти на ФИНКИ доби половина милион долари за алатка за рекламирање на „Редит“

Никола Велковски, 22-годишен студент од Скопје, заедно со уште двајца негови соученици – Стефан Котевски и Томислав Јуруковски, студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, направија револуција во информатичкиот сектор.

Тие создале маркетинг-алатка наречена Ховитцер (Howitzer), која ја намениле за рекламирање на американската социјалната мрежа Редит (Reddit), место за собирање вести, оценување интернет-содржина и дискусија.

Нивниот подвиг ги прави единствени во светот што ја имаат користено Редит за маркетинг цели и единствени што имаат направено маркетинг-алатка за Редит.

Никола, како еден од основачите на Ховитцер, вели дека нивниот продукт успеал да стигне до 2.000 долари месечен прилив по еден месец од лансирањето, а по само 5 месеци ја добиле најголемата странска иницијална (pre-seed/seed) инвестиција за софтверска компанија во Македонија досега – 500.000 долари, пренесува „Факултети“.

„Наш личен подраг успех ни е состанокот со Алексис Оханијан, коосновач на Редит и сопруг на Серена Вилијамс, кој ни даде огромна мотивација во целото ова наше патешествие“, додава тој.

Иновацијата „светнала“ по неколку неуспеси

Пред Ховитцер, работеле на Beermoney – мобилна апликација – агрегатор на микрозадачи од Amazon Mechanical Turk, Microworkers, Picoworkers и други. Но, тоа резултирало во огромен неуспех и, како што вели Никола, џабе потрошени пари.

Технички, Ховитцер било маркетинг решението на нивниот претходен обид за стартап-продукт.

„Вториот обид беше со органско постирање и коментирање, меѓутоа, секој обид резултираше со банирање на сметката бидејќи Редит не дозволува саморекламирање. Немајќи како да се рекламираме пред потенцијалните корисници и читајќи на интернет дека Редит е невозможен за маркетинг, размислувавме да се откажеме“, раскажува младиот информатичар.

На крај решиле да направат уште еден последен обид.

„Почнавме да размислуваме „надвор од кутијата“ и пристапивме со погерила-потег. Напишав скрипта која ги собира сите корисници на тие 3-4 релевантни форуми, односно subreddits. Потоа, според клучни зборови, ги наоѓа оние што се потенцијално заинтересирани за некое решение како нашата апликација и им испраќа персонализирани директни пораки. Овој потег резултира со над 2.000 преземања на „Плеј стор“ за помалку од две недели, и така скриптата стана основата на Ховитцер“, објаснува Никола.

Потоа решиле да проверат дали доколку скриптата ја нудат како софтверски продукт, би имало корисници и сличен сегмент на луѓе на кои ќе им го реши проблемот.

„Сега Ховитцер е огромен систем, составен од повеќе потсистеми и функционира како клауд-решение за директен персонализиран маркетинг на Редит“, додава тој.

Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Арсовска со брз одговор на реакциите на граѓаните: Ѓубрето отстрането за неполн час

На крајот од секоја молитва го изговарате зборот АМИН: Но, ретко кој знае што значи!