На крајот од секоја молитва го изговарате зборот АМИН: Но, ретко кој знае што значи!


Станува збор за термин кој во минимално изменет облик го изговараат милиони христијани ширум светот и кој постои илјадници години, но – што значи „амин“?

„Амин“ е збор кој се изговара на крај (понекогаш и на почеток) на секоја христијанска молитва, но постои и во други религии. Основно, духовното значење на овој термин е „Нека биде така!“ или „Така е!“

Амин е симбол кој претставува согласност и потврда. Овој термин со потекло од хебрејскиот јазик, настанал од зборот“āmēn” кој значи „цврстина“ или „одлучност“, но и во тој јазик се користел со значење „Така е!“, „Нека биде така!“ Всушност, „амин“ кај старите Евреи значело изразување желба. Терминот означувал дека изговараме нешто што се смета за вистина, па може да значи и „Тоаа е навистина така“ или едноставно „Да!“

Според толкувањата кои можат да се пронајдат во речникот, има и оние кои сметаат дека хебрејскиот збор “āmēn” настанал од почетокот A(l), ME(leh) и N(eman), што значи „Бог, крал достоен за следење “.

Терминот е употребен и во Светото писмо, а во Апокалипсата е синоним за Исус Христос.

Денес, „амин“ е симбол на потполна приврзаност кон христијанската вера, со исто значење се изговара и во синагогите, а го има и во исламот. Во кабалата тоа е магичен збор.

Извор: srekja.mk

Previous Тим од тројца студенти на ФИНКИ доби половина милион долари за алатка за рекламирање на „Редит“
Next Како се однесуваат хороскопските знаци во врска? Овие карактеристики не смеете да ги игнорирате!

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *