in ,

Жена добродетелна

Кој ќе најде жена добродетелна? Таа е поскапа и од најскапоцените камења.
Срцето на мажот нејзин е убедено во неа, тој нема да остане без добивка; таа ќе му прави добро на мажот свој, во сите дни од животот негов.
Набавува волна и лен, и весело работи со рацете свои.
Таа е како трговски кораб, – оддалеку си донесува храна.
Таа станува уште преку ноќта и дава храна во куќата своја и им определува работа на слугинките свои.
Ќе помисли ли за нива, ја купува; од плодот на рацете свои си насадува лозје.
Ја препашува со сила половината своја и ги зацврстува мишките свои за работа.
Таа гледа колку е добро што работи, и светилката нејзина не се гасне ноќе.
Ги протега рацете кон фурката, и прстите нејзини се фаќаат за вретеното.
Дланката своја му ја отвора на сиромав, и раката своја на оној, кој има нужда, му ја подава.
Не се плаши од студ за челадта своја, зашто сета челад нејзина е облечена во двојни алишта.
Таа си ткае покривачи; он висон и пурпур е нејзината облека.
Мажот нејзин е познат кај портите, кога седи со старешините на земјата.
Таа работи покривки и ги продава, на Финикијците и појаси на Хананејците.
Здравје и убавина е нејзината облека, и весело гледа на иднината.
Со мудрост ја отвора устата своја, и кротка поука има на јазикот нејзин.
Го надгледува домаќинството свое и не јаде леб во леност.
Стануваат децата и ја ублажуваат, – мажот, и тој ја фали: »многу жени добродетелни имало, многу од нив стекнале богатство и сила, но ти ги надмина сите.«
Миловидноста е примамлива и убавината – суетна; но жена, која се плаши од Господа, е достојна за пофалба.
Дајте ѝ од плодовите на нејзините раце, и нека се прославува при мажот нејзин, при градските порти!(Од Билиската Книга Мудри Соломонови изреки 31: 10-31)
.

БИБЛИЈА – СВЕТО ПИСМО

What do you think?

Written by Pane Stojanov

Пане Стојанов; Македонец; роден во град Велес 17.11.1987 година.
Афтор на велешката веб страна viralno.mk
Со одбрение од главниот администратор Љубомир Пепиќ од Велес: со почеток од 06.11.2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

(ФОТО) ТЕ САКАМ И МИ ФАЛИШ: НОНЕ НЕДЕЛКОВСКА ПОКАЖА ДЕКА Е ИСТА КАКО МАМА

СРЕЌЕН НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 15 ДО 21 НОЕМВРИ 2021 ГОДИНА