Ризотото, кое многумина го грешат нарекувајќи го рижото, е традиционално италијанско јадење кое потекнува од провинцијата Ломбардија и кое се подготвува на најразлични начини, но секогаш со ориз.
Овој пат се одлучивме за ризото со пилешко месо и печурки.
Потребни состојки:
- 300 gr пилешко бело месо
- 1 морков
- 200 gr печурки
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- 2 чаши ориз
- 1 лажица маслиново масло
- зачини по желба
Подготовка:
Сварете го пилешкото и исечкајте го на мали парчиња. Зачувајте ја водата во која го варевте пилешкото.
Во тавче пропржете ситно сечкан кромид и малку рендан морков, а потоа и печурките. Додадете го оризот и кога ќе почне да се лепи за тавата додадете ја водата од свареното пилешко. Кога ризотото ќе се намали, додадете го сечканото пилешко и зачините. Украсете со малку свеж магдонос и уживајте.
Извор: Кајгана