in , , ,

Што е животно и какво значење има

Животни (науч. Animalia) — многуклеточни хетеротрофни организми, од кои поголем дел минуваат одредени растојанија во потрага по храна, а друг, помал дел, има седентарен начин на живот. Науката што ги проучува животните се нарекува зоологија. Порано, во животинското царство било вклучени и праживотните и некои други претставници, но со денешните поделби на живиот свет, тие се во посебно царство – протисти.

Од еколошки аспект, животните претставуваат потрошувачи (консуматори) во рамките на екосистемот. Може да се исхрануваат со растителна (тревојади), животинска (месојади) или мешана храна (сештојади). Исто така, одредени безрбетници и ’рбетници се исхрануваат со мртва органска материја (сапрофаги) и со тоа придонесуваат за побрзо разградување на органската материја, правејќи ја полесно достапна за редуцентите – бактериите. Со својата хетеротрофност, животните всушност вршат природна контрола врз бројноста на популациите од живи организми во природата.

Извор: mk.wmk.wikipedia.org

What do you think?

Written by Ljubomir Pepic

Имам 40 години и доаѓам од Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Еве како Тито ги казнил лицата кои во Југославија одбиле да се вакцинираат: Документот од 1947 година го потврдува тоа

НАПРАВЕТЕ НАЈДОБРИ ФРАНЦУСКИ КОЛАЧИЊА: ЕВЕ ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО ЗА МАКАРОНСИ СО ЧОКОЛАДЕН ФИЛ!