Еве како Тито ги казнил лицата кои во Југославија одбиле да се вакцинираат: Документот од 1947 година го потврдува тоа


Откако е откриена вакцината против коронавирусот, населението е поделено на оние кои сакаат да се вакцинираат и оние кои одбиваат да го направат тоа.

Со антиваксерите во поранешна Југославија проблем имал и Јосип Броз Тито, а во документот од 1947 година кој кружи на социјалните мрежи, откриено е како Тито ги казнувал оние кои одбивале да се вакцинираат.

Имено, откако една младинска бригада која учествувала во работните акции на градењето на пругата Шамац – Сараево, одбила да прими вакцина, одземен ѝ бил од името зборот „ударна“ што во тоа време се сметало за голем срам, пренесува „Klix.ba“.

„Се казнува III личка бригада со одземање на зборот „ударна“ поради тоа што 90 лица од оваа бригада не сакаа да се вакцинираат и со тоа е создадена можност за ширење на заразни болести и доведено е во опасност здравјето на младите“, пишува во образложението на одлуката.

Казната била прочитана јавно и тоа пред сите бригади на младинската работна акција на пругата Шамац – Сараево, со што срамот се сметал за уште поголем.

Извор: tocka.com.mk

Previous Едина Муса ги покажа плочките на стомакот ама ја разголе и душата: Кој го разбуди „ѕверот“ во убавицата?
Next Што е животно и какво значење има

No Comment

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *