in , ,

Косовска битка

Косовска битка или Битка на Косово Поле — назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-османлии. Според историските извори, но и народните преданија, битката се одиграла на Видовден — 15 јуни според јулијанскиот, односно на 23 јуни 1389 година според грегоријанскиот календар во месноста Газиместан на Косово Поле, северно од Приштина. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија. Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. По оваа битка Османлиите го зацврстиле своето господство над централниот Балкан кое ќе го имаат сѐ до Балканските војни т.е. до 1912.

What do you think?

Written by Pane Stojanov

Пане Стојанов; Македонец; роден во град Велес 17.11.1987 година.
Афтор на велешката веб страна viralno.mk
Со одбрение од главниот администратор Љубомир Пепиќ од Велес: со почеток од 06.11.2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Создавањето на Адам – Микеланџело

Вкусни и брзо готови палачинки со свежо овошје и урда